Македонија Променливо облачно со повремени врнежи од пороен дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот.

Минималната температурата ќе се движи од 12 до 21 Целзиусови степен, а дневната од 20 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 Целзиусови степени, а дневна до 26 Целзиусови степени.

Утре ветерот се уште повремено ќе се засилува, но ќе почне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура која ќе се движи од 23 до 30 Целзиусови степени.