Македонија Променливо облачно со повремени поројни дождови

Променливо облачно со повремени поројни дождови

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во северозападниот дел на земјата ќе бидат на моменти и поројни.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 22 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, променливо облачно, со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.