Македонија Променливо облачно и студено со засилен северен ветер

Променливо облачно и студено со засилен северен ветер

Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Услови за слаб снег претпладне ќе има во источните делови од земјава, а од пладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура се движи од минус 3 до 3 Целзиусови степени, додека дневната се очекува да достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено, со умерен до краткотрајно засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од нула до 4 Целзиусови степени.