Македонија Променливо облачно и студено со слаби провејувања на снег

Променливо облачно и студено со слаби провејувања на снег

Во Македонија утринава преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наместа има слаби провејувања на снег.

Во текот на денот се очекува слично време со повремено провејување на снег особено во североисточните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер долж Повардарието кој повремено ќе се засилува. Максималната температура се очекува да достигне до шест Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со засилен северозападен ветер, слаб снег и максимална температура до три степени.

Во следните денови ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. Во сабота се очекува да има зголемување на облачноста, а ќе има и услови за локален снег.