Економија Производството на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во потрошувачката

Производството на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во потрошувачката

Во ноември 2016 година сме потрошиле 695.934 мегават-часови електрична енергија, 33.459 милиони кубни метри природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 79,8 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 94,6 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.