Македонија Прогласени најдобрите угостителски објекти за 2014 година

Прогласени најдобрите угостителски објекти за 2014 година

Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје

Град Скопје и годинава ја продолжува традицијата и, во соработка со агенцијата „СВОТ рисрч“, го реализираше проектот за избор на најдобар угостителски објект. Овој проект се спроведува седма година по ред, а плакетите на најдобрите три гостилници и на најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој.

Годинава најдобрите три гостилници се: 1. „Носталгија “; 2. „Старо буре“; 3. „Канцона“, а најдобрите три ресторани: 1.„Уранија “; 2.„Венето“ и 3.„Фиш“.

Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници, кои со вкупно 300 посети, или секој по трипати, се оценуваат според следниве 8 критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.

Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Овој проект се спроведува веќе седум години по ред.