Економија Профитабилноста на банките, една од клучните за намалување на нефункционалните кредити

Профитабилноста на банките, една од клучните за намалување на нефункционалните кредити

Профитабилноста на банките, порастот на кредитите кај претпријатијата, односно кај домаќинствата и порастот на домашниот бруто-производ придонесуваат за намалување на нефункционалните кредити.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на тема „Детерминанти на структурата на капиталот на корпоративниот сектор: случајот на македонската економија со панел-податоци“ од авторката Билјана Јовановиќ, во рамките на Клубот на истражувачи на Народна банка.

– Од друга страна, порастот на солвентноста на банките и на невработеноста се поврзуваат и со порастот на нефункционалните кредити. Инфлацијата предизвикува намалување на нефункционалните кредити, но исклучиво во случајот на домаќинствата. Фактор што значително придонел за зголемување на нивото на нефункционалните кредити, кај претпријатијата и домаќинствата, е и глобалната финансиска криза – се вели во истражувањњето.

Авторот заклучува дека монетарната власт, во својство на регулатор, има голема улога во тоа управување преку обезбедување стабилен и здрав банкарски систем и насочување на банките кон подобро управување со ризикот.