Македонија Професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска стана уставна судијка

Професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска стана уставна судијка

Новата уставна судијка јa потпиша свечената изјава со која се обврза дека совесно и одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе го почитува Уставот

Фото: Уставен суд

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е избрана за судијка во Уставниот суд. Таа е избрана на предлог на СДСМ и го наследува Јован Јосифовски, пензионираниот судија.

Дабовиќ-Анастасовска го поминала филтерот во собраниската комисија за прашањата на изборите и именувањата. Таа беше поддржана на пленарната седница во Собранието со 64 гласа.

Новата уставна судијка јa потпиша свечената изјава со која се обврза дека совесно и одговорно ќе ја извршува функцијата и дека ќе го почитува Уставот.

Уставниот суд веќе подолго време работеше во некомплетен состав.