Македонија Професори од Оксфорд ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа

Професори од Оксфорд ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа

Професори од Англија, од Универзитетот „Саутемптон“, Единбург, Оксфорд, ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа.

Како што најави директорката на Музејот во Куманово, Анита Цветановска, проектот ќе трае наредните четири години, а добил поддршка од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура.

– Фокусот е ставен на регионот на Костоперска карпа во Младо Нагоричане, познат уште како Жеглиговски камен или Мала Света Гора. Таму, според нашите археолози, има најмалку три населби и остатоци од повеќе од 20 цркви – рече Цветановска.