Македонија „Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

„Професорски пленум“: Претседателе, застанете до вашите колеги и до студентите

„Професорски пленум“, преку соопштение, извести дека е отворена петиција за собирање потписи што ќе му бидат испратени на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за да стави вето на Законот за високото образование. Преку петицијата, професорите се надеваат дека ќе го натераат шефот на државата да застане на страната на колегите професори, но и студентите.

„Професорски пленум“ денеска испрати еден предлог до премиерот Груевски, да ги повлече законските измени. Дури потоа ќе биде можно да се отвори дебата преку легална собраниска процедура, но со задолжително присуство на претставници на „Студентски пленум“.

Петицијата можете да ја најдете на овој линк.