Свет Проектили испукани врз руската амбасада во Сирија

Проектили испукани врз руската амбасада во Сирија

Проектили ја погодија руската амбасада во Сирија. Една од ракетите удрила во зградата на дипломатското претставништво на Москва во Дамаск. Сè уште нема податоци за настрадани, но руската агенција наведува дека за време на нападите имало митинг за поддршка на политиката на Кремљ во блискоисточната земја.

На 30 септември 2015 година Русија почна операција во блискоисточната земја. Западот ја обвини Москва дека ударите не се насочени против Исламската држава, туку против умерената опозиција.
Рускиот претседател Владимир Путин доцна синоќа повторно рече дека неговата земја ја брани легитимната власт во Дамаск.