Македонија Продолжуваат преговорите на работните групи со Ванхауте

Продолжуваат преговорите на работните групи со Ванхауте

Работна група составена од претставници на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 14.30 часот ќе се сретне за да ги продолжи преговорите за медиумите и за правилникот за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, најави белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку соопштение за медиуми.

„Работната група ќе го опфати и правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење податоци во избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради негово ажурирање. Средбите на политичката работна група ќе се одржуваат сè додека не се постигне договор за погоре наведените теми“, се вели во соопштението на белгискиот експерт Питер Ванхауте.