Свет Продолжува офанзивата против ИД во Ирак

Продолжува офанзивата против ИД во Ирак

Ирачките сили денеска ја продолжија координираната офанзива кон Мосул, последниот поголем град под контрола на Исламска држава, а нивна мета е источниот брег на реката Тигар, која го дели градот на два дела, соопштија властите.

Единиците за борба против тероризмот го забавија своето напредување минатата недела откако освоија повеќе територии од другите сили на фронтот, за да овозможат да се пополни меѓупросторот и да му пријдат на Мосул.

Ирачките безбедносни сили и курдските сили почнаа офанзива против ИД на 17 октомври со поддршка од воздух и од копно од коалицијата предводена од САД.

Проиранската шиитска милиција се придружи кон борбата за време на викендот за да се пресече линијата за снабдување меѓу Мосул и Рака, упориште на ИД во Сирија.