Економија Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот

Aмандманската расправа за предлог-буџетот за 2016 година, продолжува денеска. Пратеничките групи поднесоа 418 амандмани, а досега на матичната собраниска комисија пратениците расправаа за 11 амандмани.

Според опозицискиот СДСМ, буџетот за следната година е неразвоен и нереален, бидејќи нема да се оствари планираниот економски пораст.

За власта, пак, проекциите се остварливи, а буџетот развоен. Економијата следната година ќе напредува за 4 проценти, стапката на инфлација се очекува да биде 2 проценти, а дефицитот е проектиран на 3,2 отсто или 308,6 милиони евра.

Владата догодина ќе има на располагање да троши речиси 3,2 милијарди евра, што е за 4,7 отсто повеќе од годинава, а приливите во буџетот ќе се зголемат за 6 проценти.