Економија Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

Kомпанијата „Снабдување со топлина Балкан енерџи“, го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, кој со новата одлука ќе трае до 30 септември.

Акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите што имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за домаќинствата се намали за 10,93 проценти, на што претходеше и одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час.

Освен домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење до 30 септември важи и за правните лица.

За првите 15 дена од почетокот на акцијата, поднесени се вкупно 471 барање за повторно приклучување во системот за топлинска енергија.