Македонија Привремен сообраќаен режим пред Македонскиот народен театар

Привремен сообраќаен режим пред Македонскиот народен театар

Утре, во периодот од од 17 до 22 часот, на улицата Иљо Војвода бб, пред објектот на Македонски народен театар, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај, известуваат од Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим по улицата Иљо Војвода се воведува по повод 13 Ноември и поради активностите за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на нашиот град, што ќе се одвиваат во објектот на МНТ.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.