Македонија Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ викендов ќе изведуваат градежни работи на мостот Гоце Делчев, на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата.

Поради тоа, на дел од булеварот Гоце Делчев и на мостот Гоце Делчев ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат  поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.