Македонија Приведено лице што со автомобил удрило во полицаец кој го регулирал сообраќајот...

Приведено лице што со автомобил удрило во полицаец кој го регулирал сообраќајот во Кичево

Во полицаецот удрил 23-годишен жител од кичевското село Длапкин Дол кој управувал автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки

Фото: МВР

Додека го регулирал сообраќајот на кичевските улици, полициски службеник вчера завршил со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), настанот се случил околу 8 часот наутро на кружен тек.

Во полицаецот удрил 23-годишен жител од кичевското село Длапкин Дол кој управувал автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки. Лицето вчера било приведено од страна на полициски службеници од Полициската станица Кичево.

„Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул. ‘Борис Кидрич’ во Кичево, тој со патничко возило ‘опел’ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот. Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево“, се вели во билтенот на МВР.

Јавен обвинител и увидна екипа од кичевската полиција извршиле увид. МВР најавува соодветна пријава по целосно документирање на случајот.