Хроника Приведени странски државјанки во гостиварско Чегране

Приведени странски државјанки во гостиварско Чегране

Гостиварската полиција, вчера, при контрола на угостителксиот објект „Нота“ во селото Чегране, сопственост на А.Ш. (46), привела шест странски државјанки кои нелегално работеле како пејачки и танчерки во локалот.

Според полицијата, станува збор за пет албански и една бугарска државјанка, на возраст од 19 до 34 години, кои биле задржани во полициската станица во Гостивар.

По утврдувањето на идентитетот, тие биле предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, информираат од полицијата.