Македонија Приведени странци кои се обиделе да влезат во земјава со украден „Мерцедес“

Приведени странци кои се обиделе да влезат во земјава со украден „Мерцедес“

При извршена гранична котнрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со гемански национални ознаки, во базата на Интерпол било евидентирано како украдено

Фото: МВР

Албанец и Германка вчера попладнето биле приведени на граничниот премин Долно Блаце кон Косово, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полициските службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот А.М. од Албанија и 21-годишната В.С. од Германија, откако при извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, во базата на Интерпол било евидентирано како украдено.

Возилото го управувал А.М., кој заедно со својата сопатничка биле задржани во полициска станица. Мерцедост бил одземен за понатамошна постапка, а МВР најавува соодветни пријави по документирање на случајот.