Хроника Приведени четири албански државјанки во бар во Велешта

Приведени четири албански државјанки во бар во Велешта

Полициски службеници ноќеска, по полноќ, при контрола во угостителскиот објект „Дипломат“ во струшкото село Велешта, затекнале четири албански државјанки кои престојуваат во Република Македонија спротивно од целта на престојот.

Албанките се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР информира дека за време на контролата во угостителскиот објект едно лице од село Велешта ги попречувало полициските службеници во вршењето на службените работи, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.