Македонија Приведена мајка од Кичево – ја запоставувала малолетната ќерка

Приведена мајка од Кичево – ја запоставувала малолетната ќерка

Мајката, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево

Image by Alexa from Pixabay

Вчера полициските службеници од Кичево во 14 часот ја лишиле од слобода М.С. (34) од Кичево поради запуштање на нејзината малолетна ќерка.

„Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево. По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести МВР.