Македонија Приведен жител на радовишко, не застанал на знак за запирање и се...

Приведен жител на радовишко, не застанал на знак за запирање и се обидел да удри во полицаец

Со автомобил со штипски регистарски ознаки не застанал на знак на запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив

Фото: МВР

Ноќеска околу 2 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот Б.К. од радовишкото село Злеово.

Половина час претходно, на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, тој со автомобил со штипски регистарски ознаки не застанал на знак на запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив.

Притоа, полицаецот од службениот пиштол пукал во гумата на возилото, кое застанало.

Лицето било задржано во полициската станица за Гевгелија, а со настанот е запознаен јавен обвинител.