Хроника Притворен жител на селото Алдинци, осомничен за убиство на брата си

Притворен жител на селото Алдинци, осомничен за убиство на брата си

Судија на претходна постапка на барање на јавен обвинител му одреди 30 дена притвор на жител на крушевското село Алдинци, осомничен за убиство на својот и брат и за обид за убиство на 14-годишно дете, кои се случиле викендов.

Осомничениот, како што соопштија денеска од обвинителството, го убил својот брат во нивната семејна куќа. Тој го нападнал брата си со рачка од секрира, а потоа продолжил да го удира по главата со метална цевка, додека не го усмртил.

„По извршеното убиство, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина, каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп, каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од јавното обвинителство.