Хроника Притворен разбојник што ограбил девет аптеки во Скопје

Притворен разбојник што ограбил девет аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против против едно лице кое се товари дека извршило девет разбојништва во исто толку аптеки во Скопје.

Како што соопшти денеска обвинителството, осомничениот, кој е на 44-годишна возраст, разбојништвата ги извршил во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол кон вработените во аптеките, од кои однел извесна сума пари.

Судот на барање на надлежниот обвинител, на осомничениот му одредил 30 дена притвор поради опасност од бегство, можно влијание на сведоци и од повторување на делото.