Хроника Притворен осомничениот за убиството во Гостивар

Притворен осомничениот за убиството во Гостивар

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на осомничениот за убиството на 26-годишниот жител на Гостивар, кое се случи завчера вечерта, по банална расправија на улица во градот, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека надлежниот јавен обвинител од гостиварското Основно јавно обвинителство издал наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, кој се товари за убиство, според член 123 на Кривичниот законик.

„По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка определи притвор во траење од 30 дена за лицето кое само се пријави во полициска станица како учесник во завчерашното пукање во Гостивар, кога животот го загуби 26-годишен гостиварец. Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето за убиство од член 123 од Кривичниот законик. За расветлување на кривично-правниот настан, веќе се издадени повеќе наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и на возилото на осомничениот“, стои во соопштението на Обвинителството.