Хроника Притвор за петмина поради тепачка во дискотеката „Расчекор“

Притвор за петмина поради тепачка во дискотеката „Расчекор“

Судија на претходна постапка им одреди притвор во траење од осум дена на петмина битолчани поради тепачка во ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола.

„Ѓ.Т. (36), Ѓ.Ф. (23), А.А. (36), К.И. (21) и Б.С. (29) со употреба на прачки и стаклени чаши и шишиња почнале да удираат во клубот со што предизвикале чувство на страв и на несигурност кај присутните, кои во паника го напуштиле објектот. Обезбедувачите од агенција за обезбедување, при обид да ги спречат, биле физички нападнати од учесниците во насилството со употреба на физичка сила, како и со стаклени шишиња, чаши и метални палки. Со насилството предизвикана е материјална штета од околу 100.000 денари“, информираат од МВР.