Македонија Припадници на Фронтекс од следната недела на македонско-грчката граница

Припадници на Фронтекс од следната недела на македонско-грчката граница

Наташа Берто, портпаролката на Европската комисија за миграциски прашања, денеска соопшти дека припадниците на Фронтекс од следната недела ќе бидат распоредени на границата помеѓу Македонија и Грција за да помогнат при регистрација и земање отпечатоци на бегалците и на мигрантите што минуваат низ земјава.

Берто за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавила дека Фронтекс ќе донесе одлука за точната бројка на луѓе што ќе бидат распоредени долж границата и дека припадниците на Фронтекс имаат рок од пет дена да го финализираат планот.