Македонија Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на АРМ се распоредија на јужната граница

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) попладнево се распоредија долж граничниот појас кај Гевгелија, каде има голем наплив на бегалци и мигранти кои сакаат да влезат во земјава, јавува „Телма“.

Според информациите, на граничниот појас ќе патролираат мешани екипи на Армијата и на полицијата кои ќе бидат присутни на терен 24 часа.

„Во моментот Армијата на Репбулика Македонија испрати сили и средства и потребен број на персонал во согласност со барањата на Министерството за внатрешни работи како би можеле да направиме соодветна и ефикасна асистенција во она што тие го работеа досега. Нашите сили ќе бидат ангажирани соодветно на барањата од МВР и полицијата и во координација со Центарот за управување со кризи“, вели за „Телма“ портпаролот на генералштабот на АРМ, полковник Мирче Ѓорговски.

Владата на седница во средата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и на северната граница поради големиот наплив на бегалци и мигранти.