Дописници Прилепчани повторно протестираат против полициската бруталност

Прилепчани повторно протестираат против полициската бруталност

По вчерашниот масовен протест против полициската бруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата која бара оставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се одржа продолжение на протестот.

Поголема група граѓани протестираа низ улиците во центарот на градот, пред полициската станица и пред зградата на локалната самоуправа.