Дописници Прилеп ја подобрува водоводната инфраструктура

Прилеп ја подобрува водоводната инфраструктура

Нови четири општини ќе користат средства од Програмата за инвестирање во животната средина за подобрување на квалитетот на водите. Договорите ги потпишаа денеска градоначалниците на Прилеп, Дојран, Сарај и на Битола со министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Во општина Прилеп ќе се спроведува проектот „Делница за водовод од населено место Галичани до населеното место Кадина“.

Во Дојран ќе се реконструираат девет препумпни станици за одведување отпадни води во пречистителна станица. Во општина Сарај ќе се гради фекална канализација во населените места Грчец, Шишево и Сарај. Во Битола, пак, ќе се спроведе проектот за изработка на техничка документација и за доизградба на колекторски систем за локацијата Бегова чешма во националниот парк Пелистер.