Македонија Прилеп, домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија

Прилеп, домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија

Демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и производство на композитни делови

Институтот за современи композити и роботика Прилеп (СКР), од 4 до 6 ноември e домаќин на вториот меѓународен семинар на тема „Автоматизација во композитното производство“.

На семинарот, теорискиот аспект ќе биде претставен од врвни предавачи кои ги следат светските трендови во композитната индустрија и роботиката, а практичниот дел, пак, ќе вклучи демонстрација на најсовремените технологии за процесирање на композитни материјали и за производство на композитни делови.

Семинарот е причина за собир на група експерти од Русија, САД, Италија, Германија, Унгарија. Како претставници на водечките компании во авионската и во автомобилската индустрија, истите во наредните неколку дена ќе дискутираат на темата, заедно со тимот научници на СКР и со тимот експерти на „Микросам“ АД.