Македонија Прибе и експертскиот тим на средба во АВМУ за реформските приоритети

Прибе и експертскиот тим на средба во АВМУ за реформските приоритети

Експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе вчера остварила средба со директорот и со членовите на советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на спроведувањето на реформските приоритети што произлегоа од извештајот со препораки од 2015 година.

Како што информираат од АВМУ, на средбата се разговарало за начинот на функционирање на регулаторното тело по стапувањето на сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми.

„Се разговараше и за политичката и за финансиската независност на Агенцијата, нејзината транспарентност, како и за слабостите во медиумската сфера и за потребата за нивно надминување, особено во поглед на санкционирањето на говорот на омраза, почитувањето на професионалните новинарски стандарди и обезбедувањето услови за непречено вршење на работата на новинарите“, се вели во соопштението од АВМУ.