Македонија Презентација на проектот „Процена на корупцијата и на антикорупцијата во Југоисточна Европа“

Презентација на проектот „Процена на корупцијата и на антикорупцијата во Југоисточна Европа“

Проектот „Процена на корупцијата и на антикорупцијата во Југоисточна Европа“ денеска ќе биде промовиран во рамки на Регионалниот извештај за антикорупција.

Извештајот е подготвен од иницијативата СЕЛДИ (Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа), чија членка е и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

На промоцијата на проектот, свое обраќање ќе имаат амбасадорот на САД, Барт Патни, и Мартин Клауке, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија.