Македонија Презентација на налепницата „Мисли на велосипедистите“

Презентација на налепницата „Мисли на велосипедистите“

 

Посебна налепница „Мисли на велосипедистите“ која има цел да ја подигне свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, ќе биде презентирана денеска, во рамки на акцијата „Со велосипед на пат низ целиот град“.

Акцијата ја организираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Автомото-сојузот на Македонија, кои ќе ги стават и првите налепници на возилата.