Спорт Претставена топката за финалните средби од Лигата на шампионите

Претставена топката за финалните средби од Лигата на шампионите

Еден ден пред почетокот на елиминациската фаза на Лигата на шампионите, компанијата „Адидас“ ја претстави топката со која ќе се играат натпреварите од елитното фудбалско натпреварување, почнувајќи од средбите во осминафиналето, па сè до самото финале.

Финалниот меч ќе биде одигран на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, на 6 јули, а топката го доби симболичниот назив „фајнл берлин 2015“.

Дизајнот на топката е направен со мотиви од берлинското пиво и од Брандебуршката капија, двата заштитни знака на главниот град на Германија.