Економија Претставен првиот хуманоиден робот на македонскиот пазар, кој чини до 30.000 евра

Претставен првиот хуманоиден робот на македонскиот пазар, кој чини до 30.000 евра

Јапонската компанија „Тхк ко лтд“ (Thk Co, Ltd) денеска претстави хуманоиден робот кој на македонскиот пазар ќе се продава од 22.000 до 30.000 евра.

– Во роботот има вградена технологија на линеарно движење. Целта на овој хуманоиден робот е да се поддржи човечкиот живот во иднина. Роботот може да ве следи каде и да се движите во просторијата. Може да стави чаj, да ви донесе храна од фрижидер. Може да ги прави истите работи што ги прават луѓето – велат од компанијата, која се занимава со производство и со продажба на делови за одредени видови машини за патниот и за железничкиот сообраќај, за автомобилската и за машинската индустрија.

Компанија „Тхк ко лтд“ денеска имаше презентација пред македонските компании во Стопанска комора.

Вкупната трговска размена со Јапонија од јануари до јули изнесува 33,1 милијарда долари, извозот е 881.000 долари и има зголемување за 15 проценти во однос на истиот период лани.