Македонија Претседателот на ОМД, Колоски, се сретна со Хојт Ји

Претседателот на ОМД, Колоски, се сретна со Хојт Ји

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски, се сретна во Вашингтон со Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департман.

Колоски и Хојт Ји разговарале за претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, што ќе се одржат на 11 декември и за македонските евро-атлантски интеграции.

„Претседателот на ОМД, Колоски, и заменикот помошник на државниот секретар, Хојт Ји, разговараа за претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, што ќе се одржат на 11 декември, а кои се клучен тест за иднината на Македонија, особено во евроатлантските интеграции. Двајцата се согласија дека владеењето на правото, доверба во институциите и независно судство се од најголема важност – области што ОМД смета дека се најголемата пречка за идниот напредок на Република Македонија, за што ОМД организираше конференции во Вашингтон и во Скопје“, информираат од ОМД.

ОМД ги охрабрува Американците со македонско потекло да се вклучат активно во продолжување на стратешките односи на САД и на Македонија.