Македонија Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек, денеска во Македонија

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек, денеска во Македонија

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек.

Ова е возвратна посета откако во јуни годинава неговиот денешен домаќин, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, престојуваше во Турција.

Во рамките на посетата, Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Попладне, Чичек, заедно со другите членови на делегацијата, ќе го посети Турскиот културен центар – Институтот „Јунус Емре“.