Македонија Претседателот на ДИК имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на ДИК имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен. Тој ја запозна амбасадорката со активностите на ДИК поврзани со изборниот процес.

„Амбасадорката беше информирана дека Владата на РМ ѝ отстапи простор на ДИК за привремено користење, во кој освен стручната служба ќе бидат сместени и ИТ-тимовите и консултантите кои во претстојниот период ќе бидат ангажирани за вкрстените проверки на избирачкиот список со базите на податоци што ќе бидат побарани од релевантни институции. Воедно, Чичаковски нагласи дека дури по вкрстените проверки на податоците, ќе настапи процес на теренска проверка на сите сомнителни записи во избирачкиот список, во која освен подрачната служба на ДИК, ќе бидат вклучени и претставници од четирите најголеми политички партии во Собранието на РМ. Претседателот Чичаковски и амбасадорката Суомалаинен изразија надеж дека усвоениот меморандум за соработка на Државната изборна комисија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е добра основа за продлабочување на заемните активности“, стои во соопштението од ДИК.