Македонија Претседателот Иванов во работна посета на Бугарија

Претседателот Иванов во работна посета на Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска (7 октомври) до петок (9 октомври) ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија, соопштија од кабинетот на претседателот.

Во рамките на конференцијата, Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици, а ќе одржи и предавање на тема „Македонија во НАТО: Очекувањата од НАТО на Самитот во Варшава“, организирано од Атлантскиот клуб во Бугарија.

За време на работната посета на Бугарија, предвидена е средба на македонскиот претседател со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.

Од кабинетот на Иванов информираат дека македонскиот претседател ќе го посети и Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.