Македонија Претпладне сончево со умерена облачност, попладне можен е дожд

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне можен е дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд, особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисоката температура во текот на денот ќе се движи од 18 Целзиусови степени на крајниот запад, до 22 степени во Охридскиот Регион и до 27 степени во Скопје. Во Пелагонија температурата ќе достигне до 26 Целзиусови степени, додека во Повардарието ќе се движи од 28 степени во Тиквешко до 30 степени во Гевгелија и во Дојран. На крајниот исток највисоката температура ќе изнесува 24 Целзиусови степени.

Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и на југоистокот дождот ќе биде пороен и со грмежи. В среда се очекува да наврне поголемо количество, а тогаш и ветерот ќе биде посилен.

Претстојнава седмица утринската температура ќе биде во постојано опаѓање, а дневната од четврток ќе бележи пораст, прогнозира УХМР.