Македонија Претпладне сончево, попладне можен дожд, на места и пороен

Претпладне сончево, попладне можен дожд, на места и пороен

Денеска претпадне времето ќе биде претежно сончево со мала облачност, а од пладне облачноста ќе се зголеми и особено на југозапад ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Дневната температура ќе изнесува меѓу 14 и 21 Целзиусови степени.

В петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до -1 Целзиусов степен.