Македонија Претпладне сончево, попладне локален дожд

Претпладне сончево, попладне локален дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе се создадат услови за локален пороен дожд, проследен со грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 23 Целзиусови степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и благ пораст на дневната температура.