Македонија Претпладне дожд, а попладне снег

Претпладне дожд, а попладне снег

Територијата на земјава денеска ќе биде под влијание на студен и влажен бран од северозапад. Во текот на денот ќе биде облачно, студено и ветровито, со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег.

Во попладневните часови врнежите се очекува насекаде да преминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и во североисточните делови од земјава, каде што локално можно е да наврнат пповеќе од 10 сантиметри снег.

Дневната температурата ќе се движи од 0 до 9 Целзиусови степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
И утре ќе биде студено и ветровито, а во попладневните часови на истокот сè уште ќе има услови за повремен слаб снег. В среда ќе има преодна стабилизација, а в четврток се очекува нов влажен бран.