Македонија Претежно сончево време со температура до 31 Целзиусов степен

Претежно сончево време со температура до 31 Целзиусов степен

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, a повремено засилен ветер од североисточен правец. Во утринските часови, во јужните делови на земјава ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 25 до 31 степен.

Во Скопје и во околината се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Викендов нè очекува стабилно и топло време со температура 26 до 32 Целзиусови степени.