Македонија Претежно сончево со мала до умерена облачност

Претежно сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашава земја в недела попладне и во ноќните часови кон понеделник. Се очекува да биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места, особено во северозападните делови на земја се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Потоа ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Од среда се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.