Хроника Пресметката од кафе-барот во Охрид продолжила во болница

Пресметката од кафе-барот во Охрид продолжила во болница

Физичката пресметка во кафе-барот во Охрид, во која имало и пукање од пиштол, продолжила на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, каде се сретнале родителот на еден од учесниците во тепачката во кафе-барот со двајца од спротивната група. Во обид да ги спречи, полициски службеник добил лесни телесни повреди.

„Во кафе-барот, на булевар Македонски просветители, по претходна вербална расправија помеѓу четири лица, кои биле под дејство на алкохол, дошло до физичка пресметка по која двајца од учесниците во тепачката со возило отишле пред домот на еден од лицата, на улица Лазо Трпоски, каде со пиштол стрелале кон куќата. По настанот, на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, се сретнале родителот на еден од учесниците во тепачката во кафе-барот со двајца од спротивната група и повторно настанала расправија и физичка пресметка. Во обидот да бидат спречени, бил нападнат и еден полициски службеник, кој добил лесни телесни повреди“, информираат од МВР.