Македонија Премрзната жена најдена во струшко Заграчани

Премрзната жена најдена во струшко Заграчани

65-годишна жена е пронајдена премрзната во струшко Заграчани. Таа три дена останала без огрев ,струја и без храна, а била пронајдена од своите сожители.

Како резултат на снежното невреме, деновиве голем број села во охридско-струшкиот регион останаа без струја и без вода, а најпогодени се постарите жители.

Од охридскиот Црвен Крст велат дека во координација со ЦУК доставувале храна, лекови, ќебиња во отцепените села.