Свет Европа Премиерот на Украина не верува во договорот од Минск

Премиерот на Украина не верува во договорот од Минск

Претседателот на украинската влада, Арсениј Јацењук, за германскиот весник „Билд“ изјави дека не верува во одржливоста на договорот од Минск.

Јацењук индиректно бара на Украина да ѝ се испорача оружје и им префрли на Русите дека „во прва можна пригода ќе го прекршат договорот“.

Украинскиот премиер вели дека „не се сомнева“ во фактот дека Русија ќе направи нешто за да го ослабне мировниот процес и индиректно побара испорака на оружје за Украина.

– За да се запре агресорот, не се доволни само руски потписи. Тие (Русите) ќе го прекршат во првата можна пригода – рече Јацењук, додавајќи дека најдобра гаранција за безбедноста е силна украинска држава, способна за одбрана, која ќе биде во позиција да се брани себеси, но и целиот европски простор.